Ирска на работ на враќање на карантин поради коронавирусот

пред 4 години

Највисоките ирски здравствени функционери и препорачаа на Владата да воведе втор национален карантин во земјата во траење од четири недели, што за многумина е изненадувачка мерка за која владата треба денеска да дискутира.

Ирскиот специјален тим на Институтот за јавно здравје препорача ограничувањата поради Ковид-19 да се зголемат од сегашното второ на највисоко петто ниво во 24 од 26 окрузи и од трето на петто ниво во Даблин и Донегал.

Владата речиси целосно ги прифати нивните совети за време на пандемијата, но некое експерти предупредуваат дека враќањето на карантинот ќе има сериозни економски и социјални последици.

Премиерот Мајкл Мартин и лидерите на двете партнерски партии во коалицијата денеска ќе се сретнат со клучен ирски здравствен претставник, пред седница на Владата за да разговараат за препораките.

Во рамките на петтото ниво, властите ќе ги повикаат жителите да останат во своите домови, освен вежбање во радиус од пет километри, а ќе бидат отворени само продавници за основни потреби. За разлика од првиот карантин, училиштата и градинките нема да мора да се затвораат.

Како и поголемиот дел од Европа, Ирска бележи постојан пораст на бројот на заразени од крајот на јули, откако полека излезе од еден од најтешките карантини во Европа.

Земјата во саботата пријави најголем дневен број на заразени од крајот на април.

Со 104,6 заразени на 100.000 жители во период од 14 дена, Ирска е на 14-то место меѓу 31 европска земја, кои ги следи Европскиот центар за контрола на болести.

Шпанија, која е најтешко погодено жариште во Европа, има стапка на зараза трипати поголема од Ирска и иако во петокот беа воведени строги мерки во Мадрид кој е најтешко погоден, рестораните, фитнес центрите и продавниците сè уште можат да работат со ограничен капацитет.

Ирска, која има релативно ниски капацитети на болнички кревети во споредба со другите европски земји, има население од 6,5 милиони жители, со вкупно 38.032 заразени и 1.810 починати.

Scroll to Top