Истражители го испитуваат синот на Трамп во врска со имотот

пред 4 години

Ерик Трамп, синот на американскиот претседател Доналд Трамп, го испитуваат истражители од Њујорк, кои водат истрага за деловната пракса на неговото семејство.

Канцеларијата на њујоршката јавна обвинителка Летиција Џејмс бара информации дали организацијата на Трамп мамела во врска со вредноста на својот имот за да обезбеди кредити или даночни олеснувања.

Надлежниот судија му дал рок на Ерик Трамп до утре да одговори на судската покана за сведочење во истрагата, откако е отфрлено барањето за одложување по претседателските избори на 3 ноември.

Истрагата на јавниот обвинител е повеќе од граѓанска, отколку кривична природа. Засега нема информации дали е прекршен некој закон.

Scroll to Top