Италијанскиот премиер: Ердоган е диктатор, тој сакаше да ја понижи Фон дер Лајен

пред 3 години

Италијанскиот премиер Марио Драги го обвини турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека неделава сакал да ја понижи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен,и рече дека треба да се настапува отворено со диктаторите, што предизвикува осуди од Анкара.

Турскиот претседател Ердоган во вторникот во Анкара ги прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, а на снимка од почетокот на тој состанок се гледа дека за Мишел беше наменет столот веднаш до Ердоган, додека пак Фон дер Лајен мораше да се смести на каучот, поставен малку подалеку.

„Апсолутно не се согласувам со однесувањето на Ердоган кон претседателката Фон дер Лајен… Мислам дека тоа не беше соодветно однесување и многу ми беше жал за понижувањето што Фон дер Лајен мораше да го претрпи“, изјави Драги пред новинарите.

„Во оваа смисла, треба да ги наречеме тоа што се – диктатори, со кои спак мора да се прават координации, мора да се биде отворен кога се искажуваат различни ставови и мислења“, додаде тој.

Турското Министерство за надворешни работи го повика италијанскиот амбасадор во Анкара во врска со изјавата на Драги, а министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу остро го критикуваше овој коментар.

„Силно го осудуваме неприфатливиот популистички говор на назначениот италијански премиер Драги и неговите грди и неумерен коментари во врска со нашиот избран претседател“, напиша Чавушоглу на „Твитер“.

Scroll to Top