Италијанските општи лекари стапија во штрајк

пред 3 години

Италијански лекари од општа пракса денеска почнаа штрајк со почитување на минималната работа, посочувајќи дека локалните здравствени системи низ Италија се во колапс поради пандемијата од Ковид-19.

АНСА пренесува дека лекарите од општа пракса и педијатрите наведуваат дека во оваа фаза од пандемијата, во колапс не се само болниците и службите за итни случаи, туку и локалните служби.

Тие бараат засилување на услугите од општа пракса во локалните области и вработување на голем број лекари од општа пракса, дежурни ноќни лекари, лекари во итните служби и казнено-поправните установи, како и на педијатри.

Штрајкот, со почитување на минималните услови за работа, го почнаа синдикатите во кои 45 отсто од членовите се лекари за општа пракса.

Scroll to Top