ИФЦ: Новата дигитална платформа ќе го олесни пристапот на Западен Балкан до глобалните синџири на вредности

пред 3 години

Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) покренува Дигитална платформа за вмрежување на компании од Западен Балкан со регионални и глобални синџири на вредности.

ИФЦ, инвестициона алатка на Светската банка, во соопштение нагласува дека станува збор за дел од напорите за создавање нови работни места и економското закрепнување на регионот од последиците на пандемијата.

Иницијативата, спроведена од ИФЦ во партнерство со Швајцарскиот секретаријат за економски прашања СЕКО, е дел од пошироката програма на ИФЦ за Србија и Северна Македонија, покрената за да им олесни на производствените компании пристап до 45 милиони долари за финансирање.

Програмата предвидува и привлекување на пет милиони долари во директни странски инвестиции и поддршка на создавање работни места.

Меѓународната финансиска корпорација соработуваше со британската компанија Ахил – глобален снабдувач на платформи за пребарување, на проект насочен кон развој на дигитален пазар што ќе овозможи вмрежување на производителите со инвеститори, клиенти и добавувачи.

Проектот е насочен кон домашните производители кои работат во различни индустриски сектори, вклучувајќи производство на автомобили, индустриски и земјоделски машини и лесна и производствена индустрија.

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот ги погоди производителите низ целиот Западен Балкан, според ИФЦ. Програмата ИФЦ има за цел да создаде нови можности за деловните субјекти и да го забрза закрепнувањето од пандемијата.

Scroll to Top