И бројот на Цукерберг меѓу милионите украдени лични податоци од „Фејсбук“

пред 3 години

Бројот на мобилниот телефон на извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, е меѓу украдените лични податоци на 553 милиони корисници на таа социјална мрежа што хакерите ги објавија на Интернет, пишува британски „Дејли меил“.

Името, локацијата и брачниот статус на Цукерберг, датумот на раѓање и корисничката легитимација на Фејсбук се меѓу многуте украдени лични податоци објавени вчера на форум за хакери, потврди истражувачот за сајбер безбедност, Дејв Вокер.

Тој на шега рекол: „Ако новинарите се обидуваат да добијат изјава од ‘Фејсбук’, можеби треба да пробаат на овој број’.

Според британскиот портал, објавени се и личните податоци на Крис Хјуз и Дастин Московиц, коосновачи на „Фејсбук“.

„Дејли мејл“ пишува дека кога го контактирале „Фејсбук“ во врска со протекувањето на податоците, компанијата им соопштила дека се работи за стари податоци, а не сакале да ги коментираат наводите за податоците на Цукерберг.

„Ова се стари податоци кои се веќе пријавени во 2019 година. Овој проблем го најдовме и го решивме во август 2019“, соопштиле од „Фејсбук“.

Вчера беше објавено дека лични податоци и телефонски броеви на над 500 милиони корисници на „Фејсбук“ биле јавно поставени на еден форум на интернет.

Според „Блумберг“, станува збор за лични податоци на над 533 милиони корисници на „Фејсбук“ од 106 земји.

Scroll to Top