Канада ја запре продажбата на сензори за дронови на Турција поради нивната употреба во Нагорно-Карабах

пред 4 години

Канада ја запре продажбата на сензори за беспилотни летала на Турција поради стравувањата дека тие можат да се користат за да му се помогне на Баку во борбата против Ерменците во спорниот регион Нагорно-Карабах, пренесува РТ.

Анкара одговори на мерката со потсетување на извозот на оружје од Отава во државите вклучени во јеменската војна.

„Ненадејната одлука на канадската Влада, објавена од министерот за надворешни работи Франсоа, Филип Шампањ во понеделникот , е показател за двојниот стандард на оваа земја“, изјави турското Министерство за надворешни работи.

Турските дипломати, исто така, потсетија дека Отава била помалку принципиелна кога станува збор за извоз на оружје во други завојувани страни во светот.

„Канада не гледаше проблем во извозот на оружје во земјите кои беа воено вклучени во кризата во Јемен, што беше една од најголемите хуманитарни трагедии во овој век“, посочи Анкара.

Профитабилниот извоз на канадско оружје во Саудиска Арабија е речиси двојно зголемен од 2018 година на 2,9 милијарди долари во 2019 година, покажуваат проценките. Ријад води воздушна кампања со коалицијата на земјите од Персискиот Залив против Хутите во Јемен.

ОН неодамна ја обвинија Канада, заедно со Франција, Велика Британија, САД и Иран, за продолжување на конфликтот во кој загинаа околу 112.000 луѓе, меѓу кои и 12.000 цивили, од нејзиното избувнување во 2014 година, создавајќи хуманитарна криза.

„Не може да има објаснување за спречување на извозот на одбранбени производи“, тврдат турските дипломати.

Во меѓувреме, Шампањ го оправда прекинот на продажбата на оружје на Турција повикувајќи се на загриженост дека канадска технологија се користи во воениот конфликт во Нагорно-Карабах. Од 27 септември, регионот мнозински населен со етнички Ерменци е вклучен во тешки судири против Азербејџан, кој има непоколеблива поддршка од Турција.

„Во согласност со строгиот режим на контрола на извозот во Канада и поради тековните непријателства, ги суспендирав релевантните дозволи за извоз во Турција за да се остави време за понатамошна проценка на ситуацијата“, се вели во соопштението на министерот.

Потегот, наводно, е одговор на повиците на поборниците за контрола на вооружувањето, кои тврдат дека канадските оптика за дронови и системите за ласерско таргетирање биле поставени на турското вооружено беспилотно летало „ТБ2 Бајрактар“.  Азербејџанската војска објави дека се обидела да го набави дронот уште во јуни, иако не се јасни деталите за нејзините операции со воздухопловните сили.

Претходно, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави за радиодифузерот ТРТ дека беспилотните летала од турско производство ѝ помогнале на неговата војска да ги намали човечките загуби. Ереван извести за соборување на неколку азербејџански дронови во борба.

Во меѓувреме, ерменските дипломати извршија притисок врз Израел, еден од најголемите продавачи на оружје во Баку. Минатата недела Ереван го повика на консултација својот амбасадор во еврејската држава, преку него барајќи Израел да престане да му продава оружје на Азербејџан.

Демаршот очигледно даде некои резултати, а амбасадорот Армен Смбатјан во понеделникот рече дека Израел дал вербално ветување дека ќе го запре снабдувањето со оружје наредните денови.

Scroll to Top