Качински: Ако продолжат уцените и заканите од ЕУ, Полска ќе стави вето!

пред 4 години

Полска денеска повторно се спротивстави на тоа што ЕУ, како што смета, ја уценува со финансиски санкции поради непочитување на вредностите на Унијата, како што се правна држава или правата на ЛГБТ заедницата.

Новиот вицепремиер и лидер на владејачката партија „Право и правда“, Јарослав Качински, се закани дека Варшава ќе стави вето на новиот буџет на ЕУ и солидарниот фонд за помош на европските економии за време на епидемијата на коронавирус.

„ Ако продолжат заканите и уцените, ние остро ќе ги браниме интересите на Полска. Вето! И така ќе правиме со секој кој ќе се обиде да изнуди нешто од нас“ рекол тој.

Лидерот на владејачката конзервативна партија, главен стратег на радикалните реформи во правосудството и медиумите, како и во уривањето на полските институции во последните пет години, поради кои Полска, како и Унгарија, е во спор со ЕУ, рекол дека властите ќе го бранат идентитетот и суверенитетот на Полска по секоја цена.

Scroll to Top