Ким Џонг-ун го проверувал ракописот на сите во соседството за да открие кој го напишал „непримерниот“ графит

пред 4 години

На жителите на цел кварт во провинцијата Унсан во Северна Кореја им бил проверуван ракописот, со цел да се открие кој е креаторот на графитoт што го критикува режимот на Ким Џонг-ун.

„Долу членовите на партијата кои живеат добро искористувајќи луѓе“, пишувало во пораката.

Истражителите го проверувале ракописот на децата и на возрасните, и со левата и со десната рака, за да откријат кој ја напишал пораката, пренесува „Дејли мејл“.

„Локалните лидери го посетија секое домаќинство по наредба на одделот за безбедност и ги тераа децата и возрасните да напишат порака на хартија со молив, а потоа нивните ракописи беа испратени до безбедносните служби на земјата“,изјавил еден од жителите на провинцијата за корејските медиуми.

Scroll to Top