Кина изолира градови само поради еден случај на зараза

пред 3 години

Кина изолорала град на северот од земјата и започна масовно тестирање во друг град, двата близу руската граниуца, откако биле откриени по еден случај на зараза во двата града.

Во градот Донгнинг заразен бил 40-годишен маж кој работел на пристаниште, додека во градот Суифенхеу – 39-годишен маж вработен во комерцијално увозно-извозна зона, соопштиле властите.

Пекинг редовно го обвинува увозот за најнови појави на зараза на коронавирус.

Властите во Донгнинг објавиле дека го ставаат градот во вонредна состојба – во прекин е целиот сообраќај, секој кој сака да го напушти градот мора да има негативен тест на вирусот направен во последните 24 часа.

Затворени се училиштата, а рестораните можат само да продаваат храна за носење. Во најризичните зони само едно лице од секое домаќинство може да излезе секој втор ден на најмногу два часа за купување на потребното.

Во Суифенхеу, каде не е одредено заклучување на градот, масовната кампања на тестирања треба да се заврши за три дена.

Кина, каде коронавирусот се појави кон крајот на 2019 година во голема мера успеа да го сузбие вирусот, но повремено се појавуваат случаи на заразата во одделни градови.

Scroll to Top