Кина најави контрамерки за САД

пред 3 години

Кина ќе преземе силни противмерки откако САД воведоа санкции поради „репресијата во Хонг Конг“.

САД воведоа санкции против 14 високи претставници на Кинеската комунистичка партија (ЦЦП) и пратеници поради нивна наводна вмешаност во дисквалификување на опозициските пратеници во Хонг Конг. Предвидено е замрзнување на нивниот имот во странство.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг изјави дека Пекинг бара повлекување на одлуката за санкции.

– Кина исто така ќе преземе контрамеркии поради најавата на САД да продадат дополнителен контингент оружје наТајван, истакна Хуа.

Scroll to Top