Кина осуди на 18 години затвор бизнисмен кој го критикуваше претседателот Си Џинпинг

пред 4 години

Пекинг, 22 септември 2020 (МИА) – Кина го осуди на 18 години затвор тајкунот за недвижнини, Рен Жиџианг, жесток критичар на претседателот Си Џинпинг, заради наводно давање поткуп, јави ДПА. Рен казната ја дозна денеска во Вториот народен суд во Пекинг. Тој во јули беше избркан и од Комунистичката партија, откако беше обвинет за „спогодба со неговите деца за стекнување неограничено богатство“. Поранешниот претседател на компанијата „Huayuan Properties“, претходно го критикуваше одговорот на претседстелот Си Џинпинг на епидемијата на коронавирус, појасни германската агенција. сд/

Извор: mia.mk

Scroll to Top