Коронавирусот ги затвори државните служби во Шри Ланка

пред 4 години

Властите во Шри Ланка денеска ги затворија дури и своите клучни служби и дополнително го проширија полицискиот час за да го спречат се побрзото ширење на коронавирусот. Министерството за надворешни работи на една недела ја затвори конзуларната канцеларија и сите други служби со цел да се спречат собирања во канцеларии. Министерството најави дека ќе обезбеди помош само во врска со смрт на државјани на Шри Ланка во странство, и тоа само со договор. Државните служби – даночната, имиграциската, пензиската, администрација што издава лични документи и документи за возила, исто така се затворени на една недела. Текстот Коронавирусот ги затвори државните служби во Шри Ланка е превземен од А1он .

Scroll to Top