Коронавирусот ја однесе досега најмладата жртва во Албанија

пред 3 години

Во последното деноноќие, покрај големиот број новозаразени, во Албанија регистрирани се седум починати лица од Ковид-19, меѓу нив и 21-годишен пациент, кој е најмладата жртва досега од вкупно починатите 1.230 лица од опасниот вирус.

Според Министерството за здравство и социјална заштита,во изминатите 24 часа направени се 3.927 тестови, а опасниот вирус е дијагностициран кај 673 лица.

-Во исто време во списокот на оздравени се впишани 436 лица а во четирите ковид болници се третираат 260 пациенти, 29 на интензивна терапија, од нив шестмина се интубирани, информираше министерството.

Истиот извор наведува дека до сега направени се 284.308 тестови, позитивни биле 62.378, оздравеле 36.971, активни на болеста се 24.177 лица.

Министерката за здравство Огерта Манастирлиу, по обиколката на стадионот „Ер Албанија“ информираше дека се поставени сите планирани 60 кабини, каде ќе се спроведува имунизацијата против Ковид-19,додавајќи дека според планот секоја минута ќе се вакцина по едно лице.

По Тирана, најави таа, вакви центри за вакцинација ќе бидат отворени во Валона и Скадар.

Се очекува вакцинацијата во ова земја да почне првите денови од третата недела на овој месец со вакцини на Фајзер, кога од договорените 500.000, треба да пристигнат првите 10.750 вакцини.

Scroll to Top