Кривокапиќ: Црна Гора конечно може да дозволи двојно државјанство-црногорско и српско

пред 3 години

Црна Гора, по 12 години, конечно може да им дозволи на своите граѓани двојно државјанство – црногорско и српско, најави премиерот Здравко Кривокапиќ на Твитер.

– Голем број граѓани кои со години живеат во Црна Гора, но не добиле државјанство на нашата земја, заслужуваат ова прашање конечно да се реши. Владата на Црна Гора ќе започне со решавање на овој проблем во следниот период, истакна Кривокапиќ.

Според Законот за црногорско државјанство, Црна Гора не дозволува двојно државјанство – црногорско и српско – од 2008 година.

Scroll to Top