„Кук политикал рипорт“: Бајден освои пет милиони гласови повеќе од Трамп

пред 4 години

Џо Бајден, избраниот претседател на САД го зголеми водството пред Доналд Трамп во однос на гласовите што ги доби на американските избори, соопшти невладиниот аналитички сајт „Кук политикал рипорт“ (Cook Political Report).

Според најновите бројки, Бајден има повеќе од пет милиони гласови од Трамп, кој одбива да го признае поразот.

Според „Кук политикал рипорт“ Бајден освоил 77,27милиони гласови, додека Трамп има 72,18 милиони гласови.

Сите големи американски медимски куќи го прогласија Бајден за нов претседател на САД и според проекциите тој би имал 290 електроски гласови, а Трамп – 214.

Големата разлика во бројот на гласови на значи и полесен пат до Белата куќа.според американскиот изборен модел се пресметуваат електорските гласови. На пример, Хилари Клинтон во 2016 година доби 2,8 милиони гласови повеќе од Трамп, но ги изгуби изборите.

Scroll to Top