Лех Валенса го предложи Навални за Нобелова награда за мир

пред 3 години

Поранешниот претседател на Полска, Лех Валенса го предложи рускиот опозиционер Алексеј Навални за Нобеловата награда за мир.

– Се радувам што можам да го предложам Алексеј Навални за Нобелова награда за мир за 2020 година, како признание за неговата храброст и напорите во објаввање на корупцијта, одбраната на политичкиот плурализам и отпорот н се поавторатвниот реим на Русата Федерација, наведува Валенса во писмото упатено до Нобеловиот комитет.

Валенса посочи дека Навални денеска се бори за идеалите на демократијата и против тоталитарниот систем.

Валенса, кој како лидер на синдикатот Солидарност се бореше против комунистичките власти во Полска, во 1983 година ја доби Нобеловата награда за мир.

Scroll to Top