Лидерот на Републиканците во Претставничкиот дом: Трамп е одговорен за нападот на Капитол, но отповикувањето е грешка

пред 3 години

Лидерот на Републиканците во американскиот Претставнички дом Кевин Мекарти на денешната расправа за импичмент на претседателот оцени дека Доналд Трамп е одговорен за нападот врз Капитол, но и дека неговото отповикување би било грешка.

– Претседателот е одговорен за нападот на толпата врз Капитол. Тој напад беше недемократски, не-американски и криминален, рече Мекарти.

Сепак, тој вели дека неговото отповикување само ќе предизвика понатамошни поделби во САД и ги повика пратениците да се фокусираат на обединување на Американците.

Scroll to Top