Литванскиот министер за надворешни работи позитивен на Ковид-19

пред 4 години

Литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус најави дека оди во самоизолација по состанокот со членовите на делегацијата во придружба на францускиот претседател, кои беа позитивни на коронавирус по посетата на Макрон на балтичките земји.

Литванскиот министер за надворешни работи беше присутен на разни официјални настани за време на дводневната посета на францускиот државен врв, изјави Раса Јакилаитиен, претставник на литванското Министерство за надворешни работи, а агенцијата БНС објави дека двајца вработени во француската амбасада во Вилнус биле тестирани позитивно на коронавирус минатата недела.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа, неговата сопруга и неколку вработени во неговиот кабинет биле исто така тестирани и сите биле негативни, но петмина службеници од претседателскиот кабинет, кои биле во близок контакт со француската делегација, биле замолени да одат во самоизолација.

Претседателот Науседа и неговото семејство не се меѓу нив.

Scroll to Top