Лукашенко отвори нуклеарна електрана на 50 километри од Вилнус

пред 3 години

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска пушти во употреба нуклеарна електрана во близина на градот Астравец, на оддалеченост од 50 километри од главниот град на Литванија, Вилнус.

Нуклеарната електрана ја изгради руската државна компанија Ростом, а беше финансирана со руски кредит од 10 милијарди долари.

– Ова е историски момент. Земјата ќе стане нуклеарна сила. Нуклеарната електрана во Астравец е нов чекор во иднината, кон осигурување на енергетска безбедност на државата, посочи Лукашенко.

Соседните земји на Белорусија се загрижени поради безбедноста на нуклеарна електрана.

Белорускиот опозиционер Андреј Саников на Твитер напиша дека нуклеарната електрана е геополитичко оружје на Лукашенко и на Кремљ против Европската Унија и радиоактивна опасност за Белоруисија и за Европа.

Scroll to Top