МАСКИТЕ СЕ ПОДОБРА ЗАШТИТА ОД ВАКЦИНАТА – Тврди директорот на центарот за контрола на болести на САД

пред 4 години

Носењето заштитни маски може да обезбеди подобра заштита од Ковид-19 отколку вакцините, смета директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд. – Можеби би отишол дотаму да кажам дека оваа маска ќе ми гарантира поголема заштита од коронавирусот отколку ако би биле вакцинирани против Ковид, бидејќи имуногеноста би била 70 проценти, и ако не добијам имунолошка реакција, вакцината нема да ме заштити. Оваа маска ќе ме заштити, нагласи Редфилд во Сенатот, пренесе Си-Ен-Ен. Тој додаде дека американските граѓани се уште не носат маски на ниво што ефикасно би ја ставило епидемијата под контрола. – Затоа и понатаму ќе барам од Американците да преземат одговорност, особено оние на возраст меѓу 18 и 25 години, бидејќи гледаме дека епидемијата продолжува, рече Редфилд.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top