МВС добива нов тоалет од 23 милиони долари

пред 4 години

Меѓународната вселенска станица – МВС доби нов тоалет. Тој чини 23 милиони долари и е дел од новата опрема на НАСА, којашто ќе се тестира три години и можеби ќе се користи за мисиите на Месечината и на Марс во иднина.

Универзалниот систем за управување со отпад (УВМС) од 23 милиони долари зафаќа 65 насто помалку простор и е за 40 отсто полесен од тоалетот што сега се користи на МВС.

Покрај тоа, новиот ќе може да им служи на многу поголеми екипи.

– Екипажот на Станицата ќе ја провери работата на УВМС во услови на бестежинска состојба. Системот ќе биде инсталиран веднаш до сегашниот тоалет, изјави Мелиса Меккинли, дел од проектот на НАСА.

Тоалетот беше доставен до МВС со товарниот брод „Нортроп Груман Сајнус“ на 29 септември, како дел од планираното лансирање за испорака на товар до сателитот.

Scroll to Top