Медицински техничар oд САД заразен со коронавирус по примањето на вакцината

пред 3 години

Медицински техничар од САД се заразил со коронавирус неколку дена по примањето на вакцината на „Фајзер“, пренесува „Еј-би-си њуз“.

Метју В.(45), медицински техничар од Сан Диего, ја примил вакцината против коронавирус на „Фајзер“ на 18 декември, а единствениот несакан ефект што го развил бил иритација на местото на апликација. Шест дена подоцна, по смената во ковид-болницата, Метју почувствувал треска, болки во мускулите и замор.

Тестот покажа дека тој е позитивен на коронавирус. Ова сценарио не е невообичаено, тврдат експертите.

Луѓето кои примиле вакцина не развиваат веднаш имунитет на коронавирусот, туку по десет до 14 дена. Покрај тоа, дури и тогаш, потребно е да се прими втора доза на вакцина – првата доза обезбедува заштита од 50 проценти, а втората до 95 проценти.

Исто така, можно е медицинскиот техничар да се заразил со коронавирус пред да ја прими вакцината, бидејќи периодот на инкубација може да трае до две недели.

Сите овие можности укажуваат на тоа дека вакцината не е магично решение и дека ќе биде потребно време за да се сузбие пандемијата, притоа почитувајќи ги хигиенските правила, мерките за далечина и носењето заштитни маски, посочуваат експертите.

Scroll to Top