Меланија Трамп: Се чувствуваме добро

пред 4 години

Првата дама на САД, Меланија Трамп, се огласи на „Твитер“ откако утринава беше објавена вест дека таа и нејзиниот сопруг, американскиот претседател, Доналд Трамп, се позитивни на коронавирус.

„Исто како и многумина Американци оваа година, претседателот на САД и јас сме во домашен карантин по позитивниот тест за Ковид-19. Се чувствуваме добро и ги одложивме сите закажани обврски. Останете безбедни, заедно ќе го поминеме ова”, напиша Меланија Трамп.

Претходно Трамп потврди дека неговата советничка Хоуп Хикс е позитивна на коронавирус. Хикс оваа недела патуваше заедно со Трамп со претседателскиот авион на дебата во Охајо.

Сè уште не е познато како фактот што Трамп е позитивен на Ковид-19 ќе влијае на кампањата за претседателските избори во САД што ќе се одржат на 3 ноември. Втората дебата со демократскиот кандидат Џо Бајден е закажана за 15 октомври.

Scroll to Top