Меркел: ЕУ ќе ги штити интересите на Кипар и Грција, но сака конструктивни врски со Турција

пред 4 години

Лидерите на земјите-членки на Европска Унија на Самитот во Брисел, по долги и тешки разговори, се согласија дека сакаат конструктивни врски со Турција, но во исто време ќе ги штитат правата на земјите-членки – Кипаr и Грција во Медитеранот, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

Договорот за заеднички пристап на ЕУ кон турското истражување на енергенси во Медитеранот го задоволува клучното барање на Кипар, кој го блокираше воведувањето на санкции кон политичките лидери на Белорусија.

– Тоа што сега можеме да се договориме за тие санкции е значителен сигнал, бидејќи ги зајакнува тие кои протестираат поради слободата на мислење во Белорусија, истакна Меркел.

Scroll to Top