Меркел му ја честиташе победата на Бајден

пред 3 години

Германската канцеларка Ангела Меркел му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден, и го истакна значењето на „незаменливите“ трансатлантски односи.

– Честитки! (…) Му посакувам среќа и успех со сето срце, рече канцеларката, која имаше деликатни односи со досегашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Во изјавата што на Твитер ја пренесе владиниот портпарол Штефан Зајберт, Меркел наведува дека „трансатлантското пријателство е незаменливо доколку се надминат големите предизвици на ова време“.

Scroll to Top