Меркел сака да ја користи руската вакцина, а ја отвори вратата и за кинеската

пред 3 години

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е склона да ја користи руската вакцина против Ковид-19 во Европа по позитивните научни резултати за нејзината ефикасност.

„ Сите вакцини одобрени од ЕМА (Европската агенција за лекови) ќе бидат добредојдени, токму за тоа разговарав со рускиот претседател Владимир Путин“, изјави канцеларката за државната телевизија АРД, поздравувајќи ги „добрите научни податоци објавени денеска за руската вакцина „Спутник V“.

Вакцината Спутник V, за која Русија е обвинета дека не е доволно транспарентна, е ефикасна 91,6 проценти против симптоматските форми на Ковида-19, според резултатите објавени во медицинското списание „Лансет“ и потврдени од независни експерти.

Тоа значи дека „дополнителна вакцина може да се вклучи во борбата за намалување на инциденцата на Ковида-19“, инсистираат научниците.

Германската канцеларка исто така ја отвори вратата за кинеската вакцина и истакна дека земја како „Србија се вакцинира побрзо“ од остатокот од Европа со „кинеската вакцина“.

Владата на Ангела Меркел е на удар на критики поради бавноста на кампањата за вакцинација наспроти земјите како Велика Британија или САД.

Scroll to Top