Министер во Индија почина од коронавирус

пред 4 години

Индискиот министерот за железница, Суреш Ангади (65) почина во средата, неколку дена откако беше позитивен на Ковид-19. Ангади е првиот индиски сојузен министер кој починал од коронавирусот. Ангади починал во трауматскиот центар АИИМС, кој е претворен во ковид болница, пренесува Тајмс оф Индија. Според болницата, тој бил примен на лекување откако бил позитивен на Ковид-19. На почетокот, неговата состојба била стабилна, но одеднаш се влошила во понеделникот. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top