Минската група на ОБСЕ најостро го осуди насилството во Нагорно-Карабах

пред 4 години

Шефовите на дипломатиите на земјите претседавачи со Минската група на ОБСЕ синоќа остро ја осудија ескалацијата на насилството во и надвор од зоната на Нагорно Карабах. Сергеј Лавров, Жан Ив Ле Дријан и Мајкл Помпео, во заедничкото соопштение потенцираат дека неодамнешните напади, во кои целите беа цивилни центри, и по должината на фронтот, но и на територијата на Азербејџан и на Ерменија надвор од зоната на конфликтот во Нагорно Карабах, и неразумната природа на ваквите напади, бесусловно претставуваат неприфатлива закана за стабилноста на регионот. Во изјавата од групата, која потсетува на изјавата на тројцата копретседатели на шефовите на држави на групата министри на ОБСЕ од 1 октомври, министрите го повторија повикот кон двете завојувани страни да прифатат итен и безусловен прекин на огнот. Од соопштението се гледа дека земјите-копретседавачи се решени целосно да го спроведат својот мандат, што им го доверија ОБСЕ и меѓународната заедница, со придонес на главните градови на Минската група. Текстот Минската група на ОБСЕ најостро го осуди насилството во Нагорно-Карабах е превземен од А1он .

Scroll to Top