Мицотакис ќе направи промени во Владата

пред 3 години

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, реши да направи промени во Владата и точно напладне и официјално ќе биде соопштена реконструкцијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите во грчките медиуми, промени ќе има на неколку министерски позиции, можно е да биде одреден и нов портпарол на Владата, а актуелниот Стелиос Пецас да замине во некое од министерствата.

Веројатно непроменети ќе останат министрите за надворешни работи, за образование, за цивилна заштита.

Scroll to Top