Мицотакис ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес

пред 4 години

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку видеоконференција, денеска ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, со кој претседаваат Северна Македонија и Бугарија, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас вчера пак, учествуваше видеоконференциската средба на шефовите на дипломатиите на земјите од Берлинскиот процес.

– Во фокусот, поддршката на ЕУ перспективата за Западен Балкан и регионалната соработка, напишаа на „Твитер“ и од грчкото МНР и самиот Дендиас.

Грчката поддршка за европската перспектива на земјите од регионот ја изрази и Мицотакис во четвртокот, за време на неговото видео обраќање на петтиот „Thessaloniki Summit 2020”.

– Нашата земја, имаше голема чест и тешка должност да биде првата балканска земја што се интегрираше во европското семејство. По падот на берлинскиот ѕид, се покажа како економски партнер на нејзините соседи и искрен политички сојузник на патот кон демократизацијата и отворената економија. Грција ќе остане доследна на истиот пат, поддржувајќи ја интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија, секако со исполнети сите неопходни критериуми, истакна тогаш Мицотакис.

Scroll to Top