Млада Италијанка по грешка примила шест дози вакцина на „Фајзер“

пред 3 години

Една млада Италијанка по грешка вчера прими шест дози вакцина против Ковид-19 на „Фајзер-Бионтек“, таа е сместена за набљудување во една болница во Тоскана и е добро, објави агенцијата АГИ.

Медицинската сестра која ја вакцинирала се излажала, па наместо една доза, на 23-годишната приправничка и вбризгала цело шише во кое имало шест дози, наведува изворот.

Според АГИ, истражувањето за можно предозирање со вакцината на „Фајзер-Бионтек“ запре на четири дози инјектирани истовремено, така што овој случај со шест дози сè уште не е опишан во медицинската литература.

Scroll to Top