„Модерна“ тврди дека вакцината штити и од новите типови на вирусот

пред 3 години

Американската фармацевтска компанија Модерна денеска соопшти дека нејзината вакцина против коронавирусот произвела антитела кои ги неутрализираат новите мутации на коронавирусот, пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, пренесуваат светските медиуми.

Се очекува вакцинацијата со две дози на вакцината на Модерна против Ковид-19 да ги заштити луѓето од новите мутации кои се откриени до денеска, соопшти компанијата.

Сепак, од Модерна велат дека вакцината произвела помал број антитела за „јужноафриканската“ верзија на вирусот, поради што планираат да развија нова, алтернативна верзија на вакцината специјално за тој сој.

Scroll to Top