Москва не ги исклучува воените мерки како одговор на ракетните закани од Западот

пред 3 години

Плановите на Велика Британија и на САД за распоредување ракети со краток и среден дострел го отежнуваат спречувањето можни сериозни ескалации, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува „Спутник“.

Министерството, исто така, не ја исклучува употребата на воени мерки како одговор на ракетните закани што произлегуваат од Западот.

Во изминатите неколку недели, Пентагон најви неколку практични чекори за распоредување ракети претходно забранети со сега веќе непостоечкиот Договор за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ),  а армијата на Велика Британија се приклучи на отворено непријателските и дестабилизирачки изјави и активности.

„Имплементацијата на ваквите воени програми добива на интензитет, што очигледно води кон стеснување на просторот за политичко и дипломатско решавање на проблемот по ИНФ и за спречување на сериозна ескалација во ракетната сфера“, рече Захарова.

Овие случувања се одвиваат во услови на отсуство на јасни знаци од новата американска администрација и од огромното мнозинство сојузници на Вашингтон во НАТО.

„Ние, секако, не ја затвораме вратата за дијалог, но имајќи ја предвид ситуацијата што се одвива, не исклучуваме дека Русија ќе биде принудена се повеќе да го насочува својот фокус кон воен и технички одговор на ракетните закани“, предупреди Захарова.

Во 2019 година, САД се повлекоа од договорот за ИФН со Русија и продолжија со тестирање на новата генерација балистички и крстосувачки ракети со среден дострел. Неколку медиуми веќе објавија дека Министерството за одбрана на САД се обидува да го зајакне своето присуство во Индо-Пацификот со мрежа проектили на копно од воените објекти во регионот.

Минатиот месец Лондон објави дека планира да го зголеми својот нуклеарен арсенал од 180 распоредени боеви глави на 260 распоредени боеви глави до 2030 година, велејќи дека помалото распоредување веќе не е можно поради широкиот опсег технолошки и доктринарни закани.

Договорот за ИНФ беше потпишан во 1987 година од советскиот лидер Михаил Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган. Договорот забрануваше развој, изградба или распоредување на ракети од копно во опсег од 500 до 5.500 км.

Во 2019 година, Доналд Трамп го раскина ИФН, оставајќи го само Договорот за намалување на стратешкото вооружување меѓу народите. Вашингтон се согласи да го продолжи Новиот СТАРТ до февруари 2026 година по повеќемесечен притисок од руската страна да го стори тоа.

Scroll to Top