Муслиманската заедница бара брзо да се расветли крвавиот инцидент во џамијата во Тирана

пред 3 години

Поглаварот на албанската муслиманска заедница, Бујар Спахиу реагираше во врска со крвавиот инцидент што денеска се случи за време на молитва во џамијата „Дине Хоџа“ во Тирана, каде петмина верници беа избодени со нож од страна на 34-годишен напаѓач.

Преку објавата на социјалните мрежи, Спахиу ги повика надлежните органи што побрзо да го „разјаснат овој настан што ги повреди верниците во овие денови на Рамазан“.

Наведува дека бил информиран од Муфтијата на Тирана, Лауран Лули, од медиумите, но во детали и од имамот на џамијата Ахмет Калаја, како и очевидци, кои потврдиле дека напаѓачот од улица влегол во џамијата и почнал да напаѓа, поврдувајќи и верници и членови на џамискиот одбор.

-За среќа повредените се вон животна опасност. Му се молиме на Бога за навно брзо закрепнување. Напаѓачот е во рацете на полицијата. Бараме од надлежните органи што побрзо да го разјаснат овој настан што ги повреди верниците во овие денови на Рамазан, напиша поглаварот Спахиу.

Според последните информации од болницата во Тирана поврдените се вон животна опасност а врз еден од нив, кој имал длабока рана во пределот на стомакот е извршен оперативен зафат.

Scroll to Top