Мјанмар: Непознати грабнувачи одвеле дописник на Би-би-си во непознат правец

пред 3 години

Новинар на локалниот сервис на Би-Би-Си од Мјанмар „се води како исчезнат“ откако бил к, соопшти британскиот национален сервис, откако денеска беше однесен од неидентификувани лица во главниот град Непјидо, соопшти Би-Би-Си, изразувајќи загриженост за неговата безбедност.

„Многу сме загрижени за нашиот репортер Аунг Тур кого го одведоа неидентификувани лица“, напиша Би-Би-Си на својот официјален профил на Твитер.
Новинарот исчезна во главниот град, а Би-Би-Си прави се што може да открие каде се наоѓа.

„Ги повикуваме властите да ни помогнат да го пронајдеме и да потврдиме дека е добро“, наведува Би-Би-Си.

Во Мјанмар секојдневно се одржуваат демонстрации откако во таа земја беше извршен воен удар на 1 февруари, а шефицата на цивилната влада Аунг Сан Су Су Чи беше симната од власт и уапсена.

Воените власти се се поостри со демонстрантите, а покрај извештаите за убиени демонстранти, хунтата ја насочи репресијата и кон медиумите во Мјанмар, одземајќи им дозволи за работа на пет радио и телевизиски станици, пребарувајќи редакции и апсејќи новинари.

Најмалку 30 новинари се уапсени од пучот, од кои 18 се во затвор, според локалната невладина организација, Здружението за помош на политички затвореници.

Scroll to Top