Навални преместен од затворот во Москва

пред 3 години

Притворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални е преместен од затворот во Москва, соопшти денеска неговиот адвокат Вадим Кобзев на Твитер.

Навални, критичар на рускиот претседател Владимир Путин, беше приведен овој месец за кршење на одредбите за условна казна, во судење за проневера за кое тврди дека е наместено од политички причини, додека властите ги негираат таквите наводи.

Тој беше упатен да одлежи затворска казна од малку повеќе од две и пол години, откако судот пресуди дека ја прекршил условната казна изречена за дело за кое претходно бил осуден.

Scroll to Top