Нагорно-Карабах: Ереван тврди дека турски Ф-16 соборил ерменски воен авион

пред 4 години

Турски воен авион-ловец Ф-16 соборил авион Су-25 на ерменското воено воздухопловство во воздушниот простор на Ерменија, при што загинал пилотот, соопшти ерменското Министерство за одбрана.

Според Министерството, турскиот Ф-16 навлегол 60 километри во воздушниот простор на Ерменија, а во исто време на небото дејствувала ерменската авијација, при што турскиот авион успеал да го собори ерменското летало.

Веста за соборување на ерменски воен авион од страна на турски ловец Ф-16 веднаш ја демантираа портпаролот на турскиот претседател и и азербејџанското Министерство за одбрана.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top