Над 52 милиони заразени со коронавирус во светот, досега починале речиси 1.3 милиони луѓе

пред 3 години

Бројот на заразени со коронавирус во светот, од почетокот на пандемијата, надмина 52 милиони и достигна 52.024,841, објави денеска порталот „Ворлдометерс“.

Досега 36.531,460 луѓе се опоравиле од вирусот, додека 1.282,944 починале.

Во моментов има активни 14.210, 437 случаи, од кои еден процент се во критична состојба.

Најлоша е состојбата во САД, каде 10,5 милиони луѓе се заразиле со коронавирус, по што следи Индија со 8,6, Бразил (5,7), Русија (1,8), а на групата земји со над еден милион заразени денеска се приклучи Италија.

Во Европа, најголем број заразени има во Русија, Франција, Шпанија и Велика Британија, каде е регистриран и најголем број смртни случаи – 49.770.

Кога станува збор за регионот, најмногу заразени има во Романија, која е на 29-то место во светот со 324.094 позитивни случаи, а потоа следуваат Хрватска и Србија. Црна Гора е на петто место во Европа по бројот на заразени во еден милион жители.

Scroll to Top