Најмалку 14 приведени во БиХ поради перење пари и стопански криминал

пред 3 години

Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во Босна и Херцеговина од раните утрински часови спроведуваат оперативна операција со кодно име „Профит“, во рамките на која досега се уапсени 14 лица.

Уапсените лица се осомничени за организиран криминал, измама во деловно работење, перење пари и злоупотреба на положба и овластување, јавија сараевски медиуми.

Од СИПА продолжуваат со претрес на станбени и деловни згради, на осомничени на повеќе локации во Сараево, Бреза и Травник. Досега се откриени и привремено одземени 744.800 евра, 89.400 км, 10.800 куни и 13.720 динари, како и обемна документација и други предмети што ќе послужат како доказ во кривичната постапка.

Блокирани се и сметки на кои се големи парични средства.

Scroll to Top