Најмалку 39 убиени во Мјанмар, ОН со остри осуди

пред 3 години

Претставничката на ОН за Мјанмар остро го осуди „крвопролевањето“ во Мјанмар каде вчера беа убиени 39 луѓе во демонстрациите против воената хунта.

– Меѓународната заедница, особено регионалните актери, треба да се обединат во знак на солидарност со луѓето во Мјанмар и нивните аспирации за демократија, нагласи претставничката на ОН, Кристин Шране.
Од 39 жртви, 22 луѓе се убиени во предградие на Јангон.

Се стравува дека бројот на жртви може да биде поголем.

Протестите почнаа на 1 февруари, кога армијата ја презеде власта.

Scroll to Top