Најново истражување: Фајзер штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

пред 3 години

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер / Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита против Ковид-19, а во исто време покажа дека оваа заштита значително паѓа ако некое лице се вакцинира само еднаш, наместо препорачаните две дози.

Авторите на студијата од националната кампања за вакцинација во Израел изјавија дека ова обезбедува докази од реалниот живот дека пандемијата може да заврши со брзи, глобални програми за вакцинирање.

Анализата на податоците за јавното здравство од Израел – една од земјите со најголем процент на целосно вакцинирани возрасни лица, покажа дека вакцината исто така ги заштити старите лица исклучително ефикасно во време кога доминираше позаразниот англиски вид.

До почетокот на април, скоро 5 милиони луѓе во Израел добија две дози на „Фајзер / Бионтек“, или повеќе од 70 проценти од населението.

Студијата покажа дека двете дози обезбедуваат 95,3 проценти заштита од заразата со Ковид-19 и 96,7 проценти заштита од смрт седум дена по втората доза. После 14 дена, таа заштита се зголемила на 96,5 проценти, односно 98 проценти, укажуваат најновите истражувања.

Според овие анализи, заштитата била значително помала кога луѓето примиле само една доза на вакцина.

Авторите велат дека единечна доза може да обезбеди пократок период на заштита, особено во средина каде што се појавуваат нови вирусни соеви.

„Важно е, како што покажува студијата, дека двете дози на вакцината значително го зголемуваат нивото на имунитет и заштита“.

Затоа според експертите многу е важно луѓето да ги добијат две дози од вакцината.

Scroll to Top