Најстариот син на бразилскиот претседател обвинет за проневера на државни пари

пред 4 години

Државни обвинители во Рио де Жaнеиро соопштија дека официјално покренале обвинение против Флавио Болсонаро, најстариот син на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, поради негово наводно учество во мрежа за извлекување јавни средства.

Доцна синоќа е обвинет и поранешниот советник Фабрисо Кеироз и уште 15 лица, чии имиња обвинителите не ги откриваат.

Обвинителите наведуваат дека наводната измама траела од 2007 до 2018 година.

Флавио Болсонаро демантираше дека е вмешан во измамата и истакна дека обвиненијата против него се неосновани.

– Немам извршено никакво злосторство, нагласи тој во соопштението.

Scroll to Top