Нерамномерната дистрибуција на вакцините е закана за економиите

пред 3 години

Глобалните случаи на Ковид-19 се намалуваат, но нерамномерната дистрибуција на вакцини може да го одложи глобалното економско закрепнување и уште повеќе да ги остави назад земјите во развој, соопшти Светската здравствена организација.

Во неделата што заврши на 31 јануари, во светот беа пријавени 3,7 милиони нови случаи на коронавирус, што е за 13 отсто помалку од претходната недела, според последниот извештај за состојбата на СЗО за Ковид-19.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19, умерено опаѓа од еден отсто во последната недела од јануари.

– Тоа е добра информација, но повеќе од три милиони нови инфекции „се уште се страшно многу луѓе“, изјави д-р Мајк Рајан, извршен директор на СЗО за итна здравствена програма.

– Дождот стивна, но сонцето се уште не изгреа, додаде Рајан за време на онлајн сесијата за прашања и одговори во седиштето на агенцијата во Женева.

Scroll to Top