Нетанјаху: Збогатувањето на ураниумoт е доказ дека Иран тежнее кон нуклеарно оружје

пред 3 години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека збогатувањето на ураниум до 20 проценти е ирански потег што го крши нуклеарниот договор со големите сили од 2015 година и дека докажува дека Иран развива нуклеарно оружје, објавија израелските медиуми.

„Одлуката на Иран да продолжи со кршење на своите обврски, да го зголеми збогатувањето и да промовира подземни објекти за индустриско збогатување на ураниум не може да се објасни на кој било друг начин освен со желбата да продолжи со остварување на целта за развој на воена нуклеарна програма“, рече израелскиот водач, кој се противеше на споменатиот договор.

Нетанјаху посочи дека Израел, кој има своја програма за нуклеарно оружје, а чие постоење израелските водачи никогаш не го потврдиле или негирале, нема да дозволи Иран да произведува нуклеарно оружје.

Иран започна да збогатува ураниум до 20 проценти во подземен објект, изјави портпаролот на иранската влада.

Scroll to Top