Новиот градоначалник на Бања Лука ги одзеде клучевите од службените автомобил: Нема возење за приватни потреби

пред 3 години

Драшко Станивуковиќ, новиот градоначалник на Бања Лука кој вчера ја презеде функцијата првиот потег што го направи е наредбата да бидат вратени во општинсите кацеларии клучевите од сите службени возила. Тој на Инстаграм објави фотографија на која се гледа работна маса полна со клучеви.

„Никој веќе нема право да користи службени автомобили за приватни цели, како што беше досега. Над 70 проценти од службените автомобили не беа на паркингот пред градската администрација по работното време. Ќе донесеме одлука сите службени автомобили да бидат обележани, а подготвен е и нов правилник за употреба на овие возила“ – порача Станивуковиќ.

Тој додаде дека има и автомобили во вредност од над 100 000 конвертибилни марки (околу 50 000 евра), кои, како што најави, ќе се продаваат затоа што има повеќе приоритетни работи за граѓаните на Бања Лука.

Scroll to Top