Ново жариште во Сиднеј

пред 3 години

Австралиските сојузни држави и територии денеска започнаа да воведуваат ограничувања на границите откако се појави нова епидемија на коронавирус на северните плажи на Сиднеј, каде беа откриени 28 случаи на оваа инфекција. Се стравува дека бројот на заразени ќе се зголеми.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклијан, на прес-конференцијата рече дека сите во поширокото подрачје на Сиднеј треба да бидат многу внимателни и објави 10 нови случаи на коронавирус.

Scroll to Top