Ново истражување укажува на зголемено згрутчување на крвта по вакцините на „Џонсон и Џонсон“

пред 3 години

Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) открил повеќе лица кај кои се појавило згрутчување на крвта, потенцијално опасно по живот откако ја примиле вакцината на Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19.

Ценатрот открил 28 случаи на тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТТЦ) кај повеќе од 8,7 милиони луѓе кои ја примиле оваа вакцина. ТТЦ, вклучува згрутчување на крвта придружено со ниско ниво на тромбоцити – клетки во крвта кои помагаат при згрутчување.

Досега, тројца од 28-те лица починале.

Придобивките од вакцината сè уште ги надминуваат ризиците и во моментот не се потребни промени во политиката за имунизација, велат упатените. Препорачано е САД да ја укинат 10-дневната суспензија на употребата на „Џонсон и Џонсон“, која имаше за цел да ги разгледа безбедносните податоци за згрутчувањето.

Повеќето случаи се забележани кај жени на возраст од 18 до 49 години, додека само шест коагулации биле пријавени кај мажи.

Симптомите велат експертите обично се појавуваат по првите неколку дена до две недели по имунизацијата.

Scroll to Top