Нов Зеланд го победи и вториот бран на епидемијата

пред 4 години

Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, објави укинување на мерките воведени во Окланд за борба против вториот бран на епидемијата на коронавирус.

Таа рече дека нејзината земја повторно го победила вирусот.

Нов Зеланд целосно го запре првиот бран на коронавирус благодарение на строгите мерки и таа земја забележа серија од 102 дена без новозаразени лица.

Сепак, новo жариште на вирусот беше откриено во август во најголемиот град во Нов Зеланд, што ги принуди властите повторно да воведат строги мерки за целосно затворање на еден и пол милиони жители на Окланд, кои траеја три недели, до почетокот на септември.

После тоа, во тој град на северот на земјата не беше забележан нов случај на коронавирус 12 дена, а премиерката Ардерн потврди дека епидемијата сега е под контрола, поздравувајќи ги жителите кои мораа да издржат нов карантин.

„Жителите на Окланд и на Нов Зеланд се држат до планот што досега успеваше двапати. И тие повторно го поразија вирусот”, рече премиерката.

Scroll to Top