Нов Зеланд сака да ја забрани продажбата на цигари на родените по 2004 година

пред 3 години

Нов Зеланд во моментов размислува за низа предлози насочени кон елиминирање на пушењето во земјата, вклучувајќи и радикална иницијатива со која ќе се забрани продажбата на тутун на цела генерација, пренесува РТ.

Според акцискиот план „Аоетароа без цигари 2025“, Нов Зеланд се надева на постепено зголемување на законската возраст за пушење и на крајот да се забрани продажбата на цигари на секој роден по 2004 година. Иницијативата повикува и на значително намалување на дозволеното ниво на никотин во тутунот и става ограничувања на местата на кои може да се продаваат цигари. Владата, исто така, ќе постави минимална цена за сите тутунски производи.

Како што сугерира името на планот, целта е да се укине употребата на тутун во земјата во следните неколку години, создавајќи „непушачки Нов Зеланд“ до 2025 година. Министерството за здравство на земјата објасни дека додека стапките на пушење се намалени во минатата деценија, но дека треба уште многу да се работи, особено за да се намали употребата на тутун кај Маорите, пацифичките народи и оние кои живеат во најсиромашните заедници.

Новозеланѓаните се повикани да дадат повратни информации за акцискиот план кој беше официјално објавен во четвртокот. Жителите ќе имаат време до 31 мај да ги споделат своите размислувања за ова прашање пред тоа да влезе во следната фаза за да стане закон.

Околу 4.500 Новозеланѓани умираат годишно од болести поврзани со тутунот и владата е посветена на забрзан напредок во борбата против пушењето.

Иницијативата е поздравена од некои групи, таа не помина и без критики. Некои предупредуваат дека ограничувањето на продажбата на тутун ќе ги банкротира сопствениците на продавници. Ограничувањата исто така може да поттикнат нерегулиран црн пазар за тутунските производи. Владата дури призна дека износот на шверцувани тутунски производи во земјата е значително зголемен во последните неколку години.

Scroll to Top